Кој кого лаже? Исплива видео на Мицкоски каде јавно прифатил внесување на Бугарите во уставот

Христијан Мицкоски со години ги лаже своите сопартијци и граѓаните глумејќи лажен патриот, и еднаш зборува едно, друг пат друго за односите со Бугарија.

Во интервју за ПРИЗМА се гледа дека Мицковски бара излез од ситуацијата во која се заплетка, а да не дигне бело знаме пред своето радикално членство кое сега е наелектризирано до прегревање, токму поради начинот на кој беше пумпано со негативна енергија

Коментирајќи една хипотетична ситуација во која власта има мнозинство и, сепак, решава да направи „штетен договор“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека партијата тоа не би можела да го спречи во парламентот, но нагласува дека е важно „воопшто да не дојде до таков договор“. 
Мицковски се оградува и од насилство: „Во САД влегоа во Конгресот и знаете како завршија. Нема насилство во демократијата“.

Подолу е прочуеното видео кога Бојко Борисов го испрашува Мицковски а тој му одговара како од пушка…

Нема ДЕЦИДНО НЕ за влезот на БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ:

…можноста Бугарите да влезат во македонскиот Устав, нешто на што силно инсистира бугарското државно раководство, како услов за да го тргне ветото, Мицкоски децидно не ја одбива. Имено, тој ја остава ваквата можност, но со  предуслови што треба да ги исполни бугарската страна. Еден од нив е Бугарија „да се обврзе дека тоа е нивното последно барање“…

Тоа се потврдува и со контрадикторните изјави што Мицкоски ги дава.

Истиот тој Мицкоски велеше дека тој и ВМРО-ДПМНЕ јавно прифатија Бугарите да бидат застапени во Уставот, за денес тој да е прв противник на тоа.

Мицкоски заедно со неговиот партнер проруската Левица имаат само една цел, да наштетат на државните позиции и евроинтеграцијата, одработувајќи за туѓи интереси.

Тоа се фактите и тоа е вистината, се друго е лага и лицемерие на Мицкоски – се вели во соопштението на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: