Кој колку потроши во првите 10 дена од кампањата?

Ова се први избори на кои државата ја покрива медиумската кампања на кандидатите. Во кампањата, претседателските кандидати имаат право да потрошат максимум 110 денари по запишан избирач, односно, секој кандидат по речиси 3,3 милиони евра.
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првите 10 дена од кампањата потрошил 480 илјади евра, Блерим Река 25 илајди евра, а за кандидатката Гордана Силјановска Давкова сѐ уште нема податоци, стои во објавата на Државната изборна комисија за финансиските извештаи на партиите за првата половина од изборната кампања за претседател на државата.
Сите законски рокови се запазени и дека сите партии и кандидати го испочитувале рокот за да достават извештај за првите 10 дена на 11-от ден од кампањата. До понеделник, ќе бидат исплатени и трошоците на медиумите, тврдат во ДИК.
Преку членарини на членови на СДСМ за Стево Пендаровски се донирани 163 илјади евра, а околу 3 илјади се уплати на физички лица. Блерим Река, пак, има приход од донации во износ од 18 илјади евра, кои главно се донации од Беса и од Алијансата за Албанците.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.