„Чудно“ видео било снимено од жител на Скопје. Имено вчера вечер околу 20 часот жител од Чаир седејќи на балкон видел „мистериозен“ објект како се движи на небото. Во првиот момент помислил дека е дрон, но добро гледајќи во него, открил дека тоа е нешто друго и започнал да снима. Откако го снимил видеото, вели дека „мистериозниот“ објект се приближил кон неговиот стан и тогаш тој веднаш од страв избегал од балконот и влегол внатре. Дали е дрон или нешто друго проценете вие.