Кој точно ги делел и кој ги набавил фантомките поделени во Ресторанот Дион на обвинетите за настаните на 27 април 2017 година?

Во најновите случувања и споредба на информации последно е дека неколку часа пред насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, неколкумина од обвинетите имале средба во ресторанот Дион, на кејот на Вардар.
Нивното движење го забележала камерата на Стопанска банка, која се наоѓа во непосредна близина на ресторанот.
Како што објаснуваше обвинителката Ивана Трајчева, таму околу 16 часот биле обвинетите Никола Митревски -Кољо, Захарие Симовски, Горанче Ангеловски – Ќосето, Илија Славески и Александар Василевски Нинџа, но и уште две непознати лица за обвинителството.
Дел од овие обвинети постојано се во движење, односно влегуваат во внатрешниот дел на ресторанот, па излегуваат на терасата. Околу 18 часот на обвинетите им се придружува и обвинетиот Митре Питроповски. По половина час им се приклучува и обвинетиот Стефан Младеновски со кеса во раката. Потоа пристига и Игор Југ.
Според обвинителниот акт Нинџа ги набавил фантомките, а по средбата со останатите обвинети во ресторанот Дион наводно им ги поделил фантомките. Кој стои позади настаните, од каде Нинџа ги набавил фантомките и кој стои како организатор на настаните на 27 април 2017 ќе дознаеме во текот на судењето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.