Крадци го уништиле комбето на Флоренс Пју за време на премиера во Лондон – украле телефон и лаптоп

Маскирани разбојници го уништиле комбето на актерката Флоренс Пју, кое таа го користела со семејството за време на премиерата на филмот „Thunderbolt“ во Лондон.
Додека 29-годишната актерка беше на премиерата на Лестер Сквер, избувна хаос пред местото каде што требаше да се одржи афтер-забава во близина на Стренд.
Според очевидци, две маскирани лица застанале на мотор и ги искршиле стаклата на едно од петте црни комбиња на Мерцедес кои ги превезувале Флоренс и нејзиното семејство. Напаѓачите наводно украле лаптоп и мобилен телефон пред да побегнат од местото.
„Возачите кои ги возеле комбињата немаа можност да направат ништо, се се случи толку брзо. Влегоа внатре и побегнаа со лаптоп и мобилен телефон што ги најдоа на седиштата. За среќа, Флоренс, нејзиното семејство и пријателите и семејството, не беа таму, но сепак беше шокантно. Во Лондон владее беззаконие и се чини дека крадците точно знаат каде се нивните мети“, рече сведокот.
Прозорците на едно возило биле грубо залепени со кеси за ѓубре по грабежот.
Но, изгледа Флоренс не дозволи инцидентот да и го наруши распоредот. Само неколку часа по нападот, таа беше видена како им се насмевнува на фотографите на друг промотивен настан во хотелот Коринтија во црн кожен фустан, на кој им се придружија и колегите Дејвид Харбор, Луис Пулман и Џулија Луис-Драјфус.
Од Метрополитен полицијата потврдија дека е пријавена кражба, но дека сторителите се уште не се уапсени.

Пронајдете не на следниве мрежи: