Кралицата Летиција со закана да и ја земе титулата модна икона на Меланија Трамп

Нејзиното величество кралицата Летиција беше во посета на градот Ковадонга во Шпанија, со своето семејство, кралот Фелипе и нивните ќерки, но фоторепортерите сепак целото внимание го посветија кон неа.
Таа секогаш ги воодушевува сите со гламурозниот изглед, па често се наоѓа рамо до рамо со првата дама на САД, Меланија Трамп, чии модни комбинации се споредуваат.


Кралицата Летиција често се одлучува за фустан и топ, па така и сега се појави во совршена нијанса на црвена боја. На нозете имаше шилести штикли, што дополнително визуелно ги издолжија нејзините нозе, додека како аксесоар имаше чанта во иста боја со комплетот.
Шминката и косата пак како и секогаш беа беспрекорни. Косата виткана, додека со шминката ги истакна своите очи, а усните ги остави во боја на кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.