Кралицата Ранија има 50, а изгледа како да има 30 години: Овие навики се заслужни за нејзиниот младешки изглед

Кралицата Ранија ја красат младешки изглед, витка фигура, а покрај тоа има и совршено чувство за мода. Поради сето тоа, не е ни чудо што е пример за многу жени ширум светот.
Иако во август оваа година наполни 50 години, на нејзиното лице не се забележува тоа: тенот ѝ е совршен, а нема ниту една брчка.
Ако сте помислиле дека за тоа е заслужна естетската хирургија, сте се излажале – ова се навиките до кои строго се придржува веќе со години и благодарение на кои изгледа подобро и од двојно помладите девојки.
Правилен избор на намирници
За да се активира метаболизмот и телото да има сила во поголемиот дел од денот, неопходен е обилен појадок, а тоа го знае и кралицата Ранија. Таа секое утро го започнува со овесна каша, овошје, јаткасти плодови и чаша природен сок без шеќер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)


Што се однесува до останатите оброци, Ранија се труди тие да се базираат воглавно на протеини и на помала количина јаглехидрати, а тоа значи дека најчесто јаде некое месо што не е масно или риба, интегрален леб и многу зеленчук.
Исто така обожава леблебии, интегрален ориз, свежо сирење и млеко. Нејзината исхрана се заснова на принципите на медитеранската исхрана.
Вечерата никогаш не ѝ е обилна и калорична. Најчесто консумира чаша кисело млеко и парче леб.
Вежби за телото и умот


Кралицата Ранија секој втор ден го започнува со часови по јога и вели дека тоа ѝ помага да остане смирена и ѝ дава сила за новиот работен ден. Можеби ќе ве изненади, но кралицата Ранија исто така ужива и во боречки вештини како кик-бокс и таеквондо, па одвреме-навреме ги практикува и нив.
Нега на лицето
Кралицата цврсто верува дека жената може долго да го задржи младешкиот изглед без да оди на пластичен хирург. Таа строго се држи до минимализмот и кога станува збор за шминката, но и за негата на кожата.
„Прекумерната употреба на креми може да нанесе поголема штета отколку корист, како и користењето креми на своја рака“, рекла Ранија во една прилика.
Токму затоа, таа еднаш годишно оди на дерматолог кој прави креми специјално наменети за нејзиниот тип кожа. Освен тоа, 2 пати годишно оди на козметичар за длабинско чистење на лицето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.