Карим Бензема, „златната топка“ за оваа 2022 година му докажа уште еднаш на Дидие Дешан дека е страшен напашѓач, откако не го искористи францускиот селектор за СП во Катар, па денеска со два гола во последните осум минути од мечот, напаѓачот му ја донесе 12-та сезонска радост на Реал Мадрид со двата гола против Вилјареал за победа со 2-0.
„Кралскиот клуб“ ќе преноќи како лидер после тешко остварениот триумф, во кој ВАР им додели пенал во 82-та минута и минута потоа Бензема го реализираше, а Серхио Леон патем беше исклучен, за францускиот напаѓач на минута пред крајот на асистенција на Едуардо Камавинга да ја дуплира предноста и да ја запечати победата.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.