Го кажува она што сите го мислиме.
Shabaz Says е профилот зад кој стои Шабаз Али, професор по хемија од Блекбурн, Англија. Дечкото кој доби милиони следбеници на TikTok и Instagram, без влакна на јазикот ги критикува богатите кои се фалат со огромни колекции чанти, чевли, шминка, луксузни хотели, вили и апартмани на социјалните медиуми, додека поголемиот дел од луѓето едвај врзувааат крај со крај.
„Робин Худ од ТикТок“ и „Кралот на сиромашните“ се само дел од прекарите кои ги доби Шабаз, кој и покрај брзо стекнатата слава и популарност, остана приземјен и зборува за нееднаквоста и социјалната неправда на хумористичен начин со кој луѓето може да се поврзат и поистоветат.
По одржувањето на годишната Мет гала, Шабаз не ги поштеди ултрабогатите кои продефилираа во креации посветени на Карл Лагерфелд.
Еве го неговиот коментар, без филтер:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.