Кралското семејство му го честиташе 40-тиот роденден на принцот Хари, за прв пат од 2021 година.Британското кралско семејство денеска му го честиташе 40-тиот роденден на принцот Хари, првпат од 2021 година.Роденденската честитка беше испратена од официјалниот профил на Бакингемската палата на социјалните мрежи, иако не беше потпишана од кралот Чарлс.Истата порака беше објавена неколку часа подоцна на официјалната сметка на принцот Вилијам и принцезата Кејт, пренесува BFM, шпекулирајќи дека тоа би можело да биде навестување за „затоплување“ на односите меѓу принцот Хари и кралското семејство.Во последните три години нема роденденски желби за принцот Хари на ниту една сметка на членови на кралското семејство, забележува француската телевизија.Принцот Хари го слави својот 40-ти роденден со децата и сопругата Меган во Калифорнија, далеку од Велика Британија и кралското семејство.Во 2020 година, Хари и Меган се откажаа од своите кралски должности и се преселија во Калифорнија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.