Кратка поучна приказна: Го прашав Бог дали може да ми поклони еден пар нови чевли…

Десетгодишно момче стои на улица пред една продавница за чевли и гледа во излогот. На своите нозе има уништени патики што неговите мали боси и валкани прстиња ѕиркаа надвор. Толку многу е ладно што тој трепри од студот.Приоѓа една жена која е убаво облечена и застанува до него.„Во што гледаш со толку голем интерес, мало пријателче„- го запраша таа.
„ Го прашав Бог да ми поклони еден пар нови чевли, па се прашувам дали можеби некој од овие чевли се за мене„ – тажно одговори момчето.
Жена го фати малото момченце за рака и го поведе со себе во продавницата. Ја замоли продавачката да и донесе шест пара чорапи и еден пар чевли, како и малку топла вода и пешкир.
Кога продавачката и донесе се, таа го одведе малото момче во аголот на продавницата му ги соблече уништените патики, му ги изми ладните нозе со топла вода. Ги избриша и му облече еден пар од новите чорапи и му ги облече и новите чевли. Останатите чорапи ги спакува во едно ќесе и му ги даде на момчето.„Сега е малку подобро, зарем не?, го запраша жената момчето и тргна да си оди. Момчето ја фати за рака и ја праша:
„Дали си ти жената на Бог?“
„Не сум, само мислам дека верба без дело не значи ништо“- кратко му одговори и си замина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.