четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кратко и јасно – Таравари: Не постои албанска партија која е против евроинтеграција, со тоа и против уставни измени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заврши средбата во Тирана меѓу премиерот на Албанија, Еди Рама и лидерите на албанските политички партии во Македонија.

По средбата, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари изјави дека средбата повеќе наликува на вечера за почеток на новата година. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој нагласи дека на средбата се разговарало за предизвиците што ги очекуваат нашите две земји на патувањето кон ЕУ и дека го уверил премиерот на Албанија дека не постои албанска партија која е против интеграцијата на земјата во ЕУ и со тоа дека се за уставни измени, пренесува ТВ 21.

Таравари не сакаше да го коментира неучеството на лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами нарекувајќи го тоа нешто лично.