Крах на веб архивата на ДИК на само три дена пред изборите

На само три дена пред првиот изборен круг на веб сајтот на ДИК владее вистински хаос. На веб сајтот на Државната изборна комисија која е задолжена да го спроведе гласањето освен резултатите од изборите во 2017 година, не можете да најдете ниту еден податок за претходните изборни процеси. Сите сервери кои ги хранеле апликациите кои што ги исфрлаа податоците од архивата на ДИК не се во функција.
Така на пример, ако сакате да проверите каква била излезноста или пак резултатите од последните претседателски избори во 2014 година, ќе добиете само информација дека на „серверот му треба премногу време за да даде одговор“.  Ако, пак, сакате да пребарувате постари податоци ситуацијата е уште полоша. Сите нив ДИК ги префрлил на т.н. „стара страна“, која исто така не функционира бидејќи не работи серверот кој би требало да ја одржува.
Оние кои ги следат изборите, кога станува збор за ИТ капацитетите на ДИК знаат дека во оваа комисија времето како одамна да застанало, па речиси во секој изборен циклус имаме крах на системот што го прави невозможно следењето на изборниот процес. ДИК имаше проблеми и со основната верзија на веб сајтот, но пред неколку дена таа беше санирана. Од таму само велат дека ќе проверат за што станува збор и дека ќе направат напори да го санираат проблемот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.