четврток, 12 ноември 2026
Најново

Крвава групна пресметка меѓу средношколци во Карпош, момче е прободено со нож

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Утринава во близина на хотелот „Карпош“ во Скопје се случила тепачка меѓу две групи средношколци, при што едно лице било повредено со остар предмет, објави „Скопје1“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот започнал со расправија, која брзо ескалирала во тепачка.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од Градската општа болница „8 Септември“ потврдуваат дека кај нив е примен ученик од Средното училиште за дуално образование „Ѓорѓи Димитров“, кој имал убодна рана нанесена во угостителски објект во општина Карпош.

Полицијата соопшти дека работи на расчистување на случајот, а повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата. Состојбата на повредениот ученик моментално е стабилна, пишува „Скопје1“.

Поврзани вести