Кремаста компир салата

1 кг компири
4 варени лупени јајца
1 главица кромид
1 корен од целер
200 г мајонез
3 лажици сок од лимон
2 лажици шеќер
1 лажичка сол
Компирите сварете ги во лушпа и кога ќе се изладат исечете ги на малку подебели кругови. Дебелите делови од целерот отстранете ги, па тенкиот дел и листот ситно исечкајте ги. Кромидот исечете го на тенки кругови.
Во чинија измешајте мајонез, сол, шеќер и сок од лимон, па додадете ги компирите, кромидот и целерот. Благо измешајте и оставете во фрижидер да се излади. Јајцата исечете ги на кругови, па пред служење наредете на чинија малку салата, па неколку кругови јајца, па повторно салата, па јајца…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.