Потребни состојки:
400 г тестенини по избор
300 г свеж спанаќ
2 лажици путер
2 лажици брашно
500 мл млеко
1 пилешка коцка за супа
40 г рендан пармезан
Морска сол, бибер
Лук во прав
Кисела павлака
Маслиново масло
Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините според упатството на подготовка. Исчистете го спанаќот, исцедете и исечете го на поголеми парчиња.
На маслиново масло, во поголема тава пропржете го спанаќот да омекне. Посолете, додајте бибер и лук во прав. Во друга тава пропржете брашно, додајте млеко и мешајте. Потоа додајте коцка за супа, намалете ја температурата и варете неколку минути за да се згусне сосот.
Додајте пармезан, малку лук во прав и додајте сол.
Сварените тестенини додајте ги во спанаќот, прелијте со бешамел сос, промешајте и послужете.