Тирамису е еден од најпознатите италијански десерти во светот, кој потекнува од Тревизо, град во близина на Венеција.
Станува збор за едноставен и вкусен деликатес направен од пандишпан и крем од маскарпоне и јајца, а во продолжение ви претставуваме оригинален италијански рецепт за тирамису, кој ќе го правите повторно и повторно.
Состојки:
- 300 гр. пандишпан;
- 500 гр. маскарпоне;
- 4 средни јајца;
- 100 гр. шеќер;
- 300 мл. кафе;
- 2 лажици рум;
- какао во прав.
Подготовка:
Најпрво направете го кафето, а потоа додадете го румот. Потоа одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги белките во цврст снег.
Потоа, во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот додека не станат светли и мазни, 3 до 5 минути. Во меѓувреме во сад истурете го сирењето маскарпоне и изматете го со лажица за да биде помеко, па измешајте го со жолчките. Полека матете го кремот маскарпоне 2 до 3 минути. Додадете ги изматените белки. Промешајте со дрвена лажица, од долу нагоре. Мешајте полека додека смесата не стане мазна и кремаста.
Земете керамички сад и секоја пишкота потопете ја во кафето една до две секунди (пишкотите не треба да ги натопувате премногу во кафето, бидејќи тирамисуто ќе биде многу меко).
Наредете ги бисквитите така што да го покријат дното на тавата, па одозгора ставете го филот. Наизменично редете ги пишкотите и филот, но внимавајте филот да биде последен.
На крај посипете со какао.
Оставете го да отстои 3 часа во фрижидер пред послужување.
Уште подобро е ако го подготвите тирамисуто претходниот ден и го оставите да отстои преку ноќ.
На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.