Кремаст колач со лешници

КОРА
6 јајца
180 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
6 лажици жешка вода
100 г путер
100 г потпечени мелени лешници
120 г брашно
40 г нишесте
2 лажици какао
1 прашак за печиво
ФИЛ
3 пудинга со вкус на слатка павлака
750 мл млеко
300 г шеќер
250 г путер на собна тепмература
100 г бело чоколадо
Чоколаден прелив
200 г чоколадо за готвење
200 мл слатка павлака
50 г путер
За попарување на кората
200 мл жешко млеко
Пудинзите растворете ги со малку млеко и шеќер, а останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Откако ќе зовријат додајте го пудингот и мешајте да се згусти. Покриен со најлонска фолија оставете го да излади.
Подготовка на кората
Путерот ставете го да се стопи и изладете го.
Во еден сад измешајте го брашното, нишестото, лешниците, какаото и прашокот за печиво.
Јајцата матете ги со додавање на лажица по лажица од водата, а потоа и шеќерот додека смесата постане светла и кремаста. Додадете го путерот и со најмала брзина изматете го во јајцата. Потоа додадете ја мешавината од брашно и изматите целата смеса да се изедначи.
Нанесете ја во голема тава намачкана со масло и наросена со брашно. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути.
Подготовка на филот
Чоколадото стопете го на пареа и оставете да се излади.
Во сад изматете го путерот, додадете го изладениот пудинг и матите додека се соединат. Потоа додадете го изладеното чоколадо и изматите филот.
Изладената кора попрскајте ја со жешкото млеко и нанесете го филот. Ставете го колачот во фрижидер за да се стегне филот.
Во сад на оган загрејте ја слатката павлака, но внимавајте да не зоврие. Додадете ги чоколадото искршено на парчиња и путерот. Мешајте додека се соединат и прелијте го колачот. Украсете со шарени шеќерни трошки или по желба.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.