1 главица кисела зелка
8 свински кременадли
3 страка праз
2-3 чешниња лук
1 морков
2-3 компири
1 сува црвена пиперка
1 лажица свинска маст
1 лажица црвен пипер
1 лажица буковец (лут или нелут, по желба)
масло, сол и мелен црн пипер
Зелката ситно исечкајте ја и пржете ја на масло додека подомекне.
Празот ситно исечкајте го и испржете го во друга тава. Додадете го преостанатиот исечкан зеленчук и повремено промешувајќи запржете го. Зачинете, измешајте го со испржената зелка и ставете во тава за печење. Додадете 200 мл вода и маста, и печете под фолија 1 1/2 час на 200 степени.
Потоа во тавата додадете ги зачинетите кременадли и 200 мл вода. Печете уште 2 часа, по потреба додавајќи вода.
Откако месото ќе омекне извадете од рерна и сервирајте.