700 г цвекло
2 чешниња лук
250 мл кисела павлака
150 г мајонез
4 лажички јаболков оцет
3 лажички шеќер
1 1/2 лажичка сол
Измијте го цвеклото, излупете го и на крупната страна од рендето изрендајте го во тенџере. Додадете ги солта, шеќерот и оцетот, динстајте 10-тина минути и изладете.
Потоа додадете ги павлаката, мајонезот и ренданиот лук, и промешајте ја салатата.