Кривичен ја одби жалбата – Потврден притворот за врховниот судија Георгиев

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на одбраната на осомничениот судија Наке Ѓеоргиев и го потврди решението за определување 30 дневен притвор на врховниот судија.

„По внимателно разгледување, Кривичниот совет ја одби жалбата на одбраната како неоснована. Со тоа се потврди решението на судијата на претходна постапка, со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Оваа мерка е донесена врз основа на член 165 став 1 точки 2 и 3 од Законот за кривичната постапка, кои предвидуваат мерки за обезбедување на присуството на осомничениот и спречување на евентуално влијание врз сведоците.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје. Одлуката на Кривичниот совет ја нагласува сериозноста на обвинувањата и важноста на спроведувањето на правдата во случаите на организиран криминал и корупција“ се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: