Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против С.З.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на вршител на должноста директор на средно општинско училиште во Кочани, во април 2023 година, спротивно на член 40 став 1 од Законот за јавни набавки, за патување на тим од училиштето на Светското првенство по роботика во Мароко, без да спроведе постапка за јавна набавка, ангажирал туристичката агенција и за услугите ѝ исплатил износ од 296.960 денари и на тој начин овозможил да оствари противправна имотна корист во износ од 296.960 денари.
- Во Македонија има околу 130 илјади пациенти со дијабетес како и уште половина недијагностицираниСо низа активности денеска по вторпат беше одбележан Светскиот ден на- прочитај повеќе
- Стриптизета му роди дете на најголемиот југословенски заводник: Ја донесе Брена на јахта, тој ѝ посвети песна на жената што ја изневерува (фото)За љубовниот живот на Горан Бреговиќ не престанува да се зборува, а познато- прочитај повеќе
- Велеа дека со него е завршено засекогаш!Велеа дека со него е завршено засекогаш! Доналд Трамп објави ново- прочитај повеќе
- (Видео) Кузеска: Власта ја партизира АЕК, во агенцијата вработена газдарицата на фирмата која требаше да ја гради спорната гаражаУште еден скандал на власта на Мицкоски и ДПМНЕ, уште едно- прочитај повеќе
- Хороскопски знаци кои избираат погрешни партнери, но никогаш не се откажуваат од љубовтаЉубовта е комплицирана и непредвидлива. Колку и да се трудиме да- прочитај повеќе
Исто така, пријавениот, за учеството на тимот на училиштето на светскиот натпревар, без претходно донесена одлука за ребаланс на буџетот од страна на училишниот одбор, за оваа намена од сопствената сметка на училиштето исплатил 735.214 денари, односно 107.714 денари повеќе од прибраните по пат на донации.
Со ваквото дејствие, пријавениот постапил спротивно на член 89-а од Законот за средно образование и член 114 од Статутот на училиштето, со што го оштетил буџетот на средното училиште за износ од 107.714 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.