четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кривични пријави за двајца директори од Македонска Каменица поради фалсификуван сертификат за англиски јазик

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави и против В.Г.(37) и 41-годишната Д.Д.Г., двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавените набавиле лажни сертификати за познавање на англиски јазик и ги употребиле на 15.01.2024, односно на 01.06.2023 при аплицирање на јавен оглас за избор на директори на основно и средно училиште во Македонска Каменица.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Врз основа на приложените документи тие биле избрани за директори на училиштата, а по дополнителни проверки од Отсекот за компјутерски криминал Штип било констатирано дека нивните сертификати за познавање англиски јазик се фалсификувани.

Поврзани вести