2 чаши просо
1 главица кромид
2 моркови
1 тиквичка
1 јајце
3 лажици Пармезан
кора од лимон
лебни трошки
маслиново масло, масло, сол и мелен црн пипер
Измијте го просото и оставете го да се исцеди.
Во тенџере загрејте маслиново масло и пржете го ситно исечканиот зеленчук (кромид, моркови, тиквичка). Додадете го просото и пропржете уште 2 минути. Налејте три шолји посолена врела вода, покријте го тенџерето со капак и варете 20 минути на тивок оган. Откако ќе се изладат изгмечете ги состојките со виљушка.
Додадете ги Пармезанот, кората од лимон и јајцето и наросете црн пипер. Со рака месете ја смесата додека се соедини и додадете лебни трошки по потреба. Формирајте ги крокетите, облепете ги со лебни трошки и испржете ги во поголема количина масло.