Необичен рецепт за сјајни крофни меки како пена.
СОСТОЈКИ:
15 гр квасец
1 лажичка шеќер
2 јајца
1 мала коцка путер
100 гр павлака
350-400 гр брашно
малку сол
1 пудинг од банана или ванила
шеќер за пудингот
1 банана
250 мл млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Замесете глатко тесто со квасец, шеќер, додајте јајца, путер, павлака, брашно и малку сол.
Тестото оставете го малку да одмори па развлечете го на половина сантиметар, па исечете на квадрати.
Згответе пудинг, додајте шеќер по желба и измешајте една издробена банана.
Изладете и со тоа полнете го тестото, поклопете па притиснете ги рабовите, покријте малку да одмори.
Печете поклопено на сува тава на тивок оган.