Крофни со овошен јогурт од вишна и ликер вишновка

Состојки
1 јајце
20гр свеж квасец
2лажици шеќер
1лажиче вишновка ликер
40мл топло млеко
150гр овошен јогурт од вишни со парченца вишна
30гр растопен путер
некое зрно сол
270, мах 300гр брашно
Дополнително- џем,шеќер во прав, чоколадо….
Масло за пржење

Во топлото млеко ставаме лажиче шеќер, лажиче брашно и квасец.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Во вангличка ги соединуваме остатокот од шеќер, ликерот, сол,путер, овошен јогурт, јјаце.
Ова може убаво кратко да се соедини и со миксер, па постепено да се додава брашно.
Ќе се добие по малку лепливо тесто.
Го покриваме со чиста крпа и оставаме да се дуплира.
Потоа ја набрашнуваме работната маса и го истураме тестото од вангличката.
Нежно набрашнуваме одозгора и развлекуваме кора.
Со набрашнета чаша вадиме форми, кои ги редиме на чиста кујнска крпа.
Нека одморат 30 минути.
Потоа на умерен оган ги пржиме од двете страни.
Ги редиме на хартиени салфети.
По желба декорираме со шеќр во прав, растопено чоколадо, …

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.