Вкусни и крцкави компири со лук и магдонос по шпански рецепт…
СОСТОЈКИ:
1,5 кг компири
70 гр свеж магдонос
2 чешниња лук
70 мл маслиново масло
2 лажици путер
1 лимон
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ги и исчистете ги компирите, па исечете ги на коцки со еднаква големина. Ставете ги да се готват во голем лонец со студена вода. Добро послете ја водата и на умерено висока температура оставете да зоврие. Гответе околу 20 до 25 минути, додека не омекнат.
Во мал сад измешајте сечкан магдонос и лук.
Процедете ја водата од компирите и добро исушете ги.
Во голема тава загрејте маслиново масло, па додајте компири и повремено протресувајте. Компирите печете ги околу пет минути додека кората не стане златно кафеава и крцкава.
Во компирите додајте комбинација од лук и магдонос, добро измешајте и оставете ги компирите да се ароматизираат една до две минути. Потоа додајте путер, посолете и пибиберете по желба.
Кога компирите ќе бидат готови, преку нив изрендајте кора од еден лимон. Употребете непрскан и органски одгледан лимон.
Добар апетит!