Потребни состојки:
Околу ½ кг батаци или бело месо без коски
2 јајца
1 лажичка шарен бибер
2 лажички сол
1 лажичка шеќер во прав
1 лажичка лут црвен пипер
2 лажички благ црвен пипер
1 лажичка мелено оригано
2 лажички лук во прав
1 лажичка копар
1 лажичка мелен ѓумбир
2 лажички кромид во прав
1 лажичка мајоран
1 лажичка вегета
1/3 шолја ситен корн флекс
Подготовка:
Измешајте ги јајцата и биберот во чинијата, а сувите зачини ставете ги во голема пластична кеса и добро протресете. Исечете го пилешкото, ставете го во садот со јајцата ,а потоа се ставете во кесата со зачини. Ставете го пилешкото на голема тепсија и оставете го да отстои околу десет минути.
Потоа, пржете го пилешкото во фритеза или во поголема количина масло околу десет минути или додека не добие убава боја.
Готовото пилешко ставете го на салфетка, а потоа послужете со салата каква што сакате.