Состојки
1 кгр. компир
3-4 чешниња лук
на вкус рузмарин
100 мл. масло
1 лажичка сода бикарбона
Излупениот компир насечете во форма и големина која ја сакате вие, но секако да бидат поголеми.
– Во сад ставете вода, додадете сол за да се осоли според вашиот вкус компирот. Kога ќе проврие ставете ја содата бикарбона и компирот да се вари, но да не е целосно сварен, внимавајте на тоа.
– Додека се вари компирот во тавче ставете масло да се загрее и лесно запржете во него исецканиот рузмарин и лук, ова е заради да го ароматизирате маслото. Прецедете го и оставете на страна.
– Компирот исцедете го од водата, ставете во тавката во која ќе се пече, залијте со маслото во кое ги пржевте рузмаринот и лукот.
– Ставете во претходно загреана рерна да се потпече и ја добие саканата боја, а со самото тоа и крцкавата површина. При служењето посипете одозгора со испржениот лук и рузмарин.
Вака крцкавиот компир нека ви послужи како прилог… ако остане, навистина досега најдобар крцкав компир – затоа е заслужна содата, со кое нешто за прв пат се сретнувам и на моја општа радост останав презадоволна. Рецептот ми е од пријателка Скуст на која сум ѝ многу благодарна. Таа кажува (и јас истото го велам) дека од зачинка со лукот можете да ставите што сакате, но рузмаринот јас не би го менувала, совршен е спојот.