КУГЛОФ СО ПОРТОКАЛ: Сочен десерт за сите свечени прилики

Ви треба:

3 јајца8 лажици шеќер1 чаша јогурт1 чаша масло220 гр брашно1 кесичка ванилин шеќер1 кесичка прашок за пециво1 портокалмалку шеќер во прав

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Јајцата се матат со шеќерот, па се додаваат јогуртот, маслото и брашното измешано со прашокот за пециво. Сè убаво изматете, па додадете ја ренданата кора од портокал и убаво измешајте. Намачкајте го калапот со маргарин, па истурете ја смесата во калапот. Куглофот се пече околу 40 минути, во загреана рерна на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: