Потребни состојки:
-4 јајца
-200 г мек путер
150 г шеќер
-1 ванилин шеќер
-320 г брашно
-2 лажички прашок за пециво
100 мл млеко
-2 лажици какао
-100 г стопено чоколадо
Начин нa подготвока:
Подгответе го калапот за куглоф, премачкајте го со масло. Чоколадото исечете го на ситни парчиња и истопете го на пареа. Путерот и шеќерот изматете ги, па додавајте ги јајцата едно по едно.
Додадете го брашното претходно измешано со какао, прашок за пециво и ванилин шеќер, па млекото и стопеното чоколадо.
Мешајте додека не се соедини смесата и добиете кремаста структура. Пред самиот крај додадете по вкус парчиња чоколадо и измешајте со лажица. Сипете го тестото во калап и печете на 180 степени околу 40 минути.
Оладениот куглоф посипајте го со шеќер во прав.