Кузман Јосифоски – Питу

На денешен ден загинува Кузман Јосифоски – Питу Прилеп, 23 јуни 1915 – Скопје, 25 февруари 1944 македонски правник, комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење 1938-1941 и на НОБ во Македонија 1941-1944. Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).Кузман Јосифоски – Питу Прилеп, 23 јуни 1915 – Скопје, 25 февруари 1944 македонски правник, комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење 1938-1941 и на НОБ во Македонија 1941-1944. Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев)
Роден е во Прилеп 23 јуни 1915 година, се школува во Прилеп и Битола, а право студира на Универзитетот во Белград каде е еден од предводниците на напредната студентска младина. Станува член на КПЈ во 1938 година. Бил еден од организаторите на студентско друштво „Вардар“ и на македонското национално движење МАНАПО. Oд 1939 година е испратен на партиска работа во Прилеп каде бил поставен за секретар на Месниот комитет на КПЈ. Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим. Поради несогласување со политиката на Методија Шаторов – Шарло е исклучен од Партијата. Бил говорник  на Илинденската демонстрација (1940), на која била барана промена на режимот, национално-политички права, ослободување на Македонија и др. Од 1940 година член е на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.
По Преспанското советување на 2 август 1943 година доаѓа во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал често пати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Во текот на бугарската окупација на Македонија живеел илегално во населбата Буњаковец
Кузман Јосифовски – Питу се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија, за целосно ослободување и обединување на Македонија.за ова сведочи и телеграмата на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ – Темпо до Тито во кое тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување одржано на 2 август 1943 година.
 бугарската полиција дознала за неговата активност и тој морал да замине во партизани. на  25 февруари 1944, при обидот да го напушти Скопје, во Козле во близина на некогашната фабрика „Алумина“ бил убиен од бугарски војник.Таму денес постои спомен-плоча.
Кузман Јосифоски – Питу Прилеп, 23 јуни 1915 – Скопје, 25 февруари 1944 македонски правник, комун

Пронајдете не на следниве мрежи: