Курти: Пописот во Косово е успешен

Косовскиот премиер Албин Курти го изрази своето задоволство за вчерашното успешно завршување на пописот на населението, по 13 години кога последен пат беше спроведен, нагласувајќи дека ова е многу важна фаза во напредокот на Косово.

На денешната церемонија по повод завршувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Косово, организирана од Агенцијата за статистика на Косово и УНДП, Курти изјави дека резултатите од пописот ќе им овозможат на институциите во иднина да креираат подобри политики, стратегии и да носат подобри одлуки за поодржлив развој на Косово.

„Собраните податоци ќе бидат основа за подобри политики, стратегии и одлуки, за уште побрз и постабилен развој на нашата земја. Конкретно, им благодарам на нашите меѓународни партнери за нивната соработка. Заедно можеме да постигнеме сé, да бидеме избројани и среќни“, рече косовскиот премиер во обраќањето пред присутните.

Пронајдете не на следниве мрежи: