Курц со мрачни прогнози: Овој вирус ќе остане и во наредните пет години

Австрискиот канцелар Себастијан Курц процени дека корона вирусот ќе остане, и тоа не само една година.

Тој додаде дека неговата влада ќе одговори на тој предизвик како и досега со политиката на што повеќе слободи, а ограничувања колку што е потребно.

Овој вирус ќе остане. Тој ќе биде меѓу нас за една година, за три или дури пет години, изјави Курц за„ ТВ Сервус.

Тој истакна дека 3Г правилата за уживање во слободите ќе продолжат да се применуваат низ цела Австрија и тие се или потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид-19 или негативен тест.

Локално, доколку е потребно, можно е да се даде дополнителен придонес со воведување на обврска за носење маски, објасни тој.

Курц оцени дека правилото 3Г е ефикасна мерка, која спречува експлозија на бројот на заразени лица. Правилото 3Г ни помага и верувам дека не е толку големо ограничување на слободата на граѓаните, како кога одредени области се целосно затворени, рече Курц.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.