среда, 25 ноември 2026
Најново

Куче спасило цело семејство од наезда на кобри и потоа умрело

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Куче херојски го одбранил семејството кое го нападнале четири кобри и потоа умрело.
Доберманот стоел цврсто на земјата, храбро се борел со змиите отровници и на тој начин спасил цело семејство од сигурна смрт. Змиите пробале да влезат во куќата, но на својот пат наишле на кучето, кое го чувало дворот.
Сведок кажува дека во текот на борбата змиите го каснале и дека изгубил многу крв. Кучето не застанало додека не ја усмртил последната за да не би повредиле некој член од семејството.
Кучето за жал набрзо колабрирало од отровите кои му ги вбризгале во крвта. Семејството кое живее во Sebekapur и понатаму е во шок поради инцидентот кој се случил.
Дидакар им рекол на локалните медиуми: “Во шок сум. Тој се жртвуваше за мене и моето семејство. Ќе го памтам се до својата смрт….“
Мештаните го испратиле кучето како што доликува, а на неговиот гроб положиле цвеќе.

Поврзани вести