Кујнски трик: Како да го омекнете месото со состојки кои веќе ги имате дома?

Водата што останува во теглата од кисели краставички станува сè поголем хит, како за лекување на мамурлак, така и за брзо маринирање на зеленчук или замена за оцет кога не можеме да отидеме до продавница. Таа вода е комбинација на оцет, вода, сол и зачини идеални за омекнување на месото. Само прелијте го месото и оставете го најмалку половина час, а може да го оставите и преку ноќ, без разлика дали е пилешко или свинско. Пред да печете во тава или на скара, избришете го месото од вишокот вода со хартиени кујнски крпи. Слободно складирајте го вишокот вода од теглата во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.