Куќата од култниот филм „Сам дома“ се продава за 5,2 милиони долари

Се продава куќата од култниот филм „Сам дома“ лоцирана во Винетка во близина на Чикаго. Луксузната зграда чини 5,2 милиони долари.Куќата е целосно реновирана и проширена во 2018 година, а сегашните сопственици живееле во неа 12 години.Новите сопственици ќе имаат на располагање пет спални соби и шест бањи. Покрај тоа, куќата има кино и затворен спортски терен.За време на снимањето на првиот дел од филмот „Сам дома“, овој луксузен дом му припаѓал на семејството Абендшиен. Сопствениците на куќата биле од 1988 година до 2011 година, кога ја продале за 2,4 милиони долари.Семејството Абендшиен живеело во куќата само една и пол година, кога им пришол Крис Колумбус, режисерот на еден од најпопуларните божиќни филмови.“Тој ни кажа дека нашата куќа е идеална за снимање. Немавме поим дека филмот ќе има таков успех”, изјавија претходно сопствениците.Додека се снимаше „Сам дома“, тие главно останаа во главната спална соба околу шест месеци, додека во останатиот дел од куќата се снимаа познати сцени од хит комедијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: