Мисијата на НАТО на Косово, КФОР по експлозијата во каналот Ибар-Лепенци во општина Зубин Поток на север на 29 ноември, го одбиле барањето на косовските институции за можно распоредување на Косовските безбедносни сили (КБС) во погодената област, јави РСЕ.
„Командантот на КФОР не даде такво овластување, врз основа на неговата безбедносна проценка и активностите што КФОР веќе ги презеде“, се вели во писмената реакција на КФОР.
Косово ова барање го поднесе во согласност со договорот од 2013 година потпишан меѓу институциите на Косово и НАТО, според кој тогашниот премиер на Косово, Хашим Тачи, го уверил НАТО дека КБС нема да оди на север без претходна согласност на КФОР.
„Како што беше најавено во нашето вчерашно соопштение, КФОР распореди единици за обезбедување на оштетениот дел од водотекот во Зубина Поток. КФОР обезбеди и дополнителна помош за институциите во Косово, вклучително и логистичка поддршка за отстранување на експлозивните направи“, се вели во реакцијата на КФОР.





