Лавина закопа 10 скијачи ВО АВСТРИЈА! ЛЕТААТ ХЕЛИКОПТЕРИ НИЗ ЦЕЛ КРАЈ

Лавина го погоди ски-центарот Лех/Зуес, при што затрупаа десетина скијачи.

Денеска лавина затрупа десетина луѓе во ски-центар во Австрија, јавува австриската новинска агенција АПА. Лавина со снег покри дел од ски-центарот Лех/Цуерс во западна Австрија, јави АПА, додавајќи дека едно лице е спасено.

Несреќата се случила околу 15.00 часот, а на местото на несреќата веднаш биле испратени неколку хеликоптери со спасувачки екипи.

„ Правиме се што е можно за да ги спасиме луѓето “, се вели во соопштението на општината Лех.  Околу 100 луѓе се вклучени во потрагата, а спасувачите побараа фарови за да можат да ја продолжат потрагата во темница, додаде АПА.

Лех/Циерс се рекламира како „едно од најдобрите скијачки центри во светот“ и се смета за колевка на алпското скијање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.