Лавров нема како да дојде во Србија: Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија му забранија прелет, Вучиќ утре со Харченко

Како што неофицијално дознава „Новости“, доаѓањето на високиот гостин од Москва е под големо прашање, бидејќи Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија го забранија летот на неговиот авион.

Сергеј Лавров

Тоа на дело ги потврди зборовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој јавно објави дека работите се комплицирани во врска со планираното доаѓање на министерот за надворешни работи на Руската Федерација.

Поради новонастанатата ситуација, шефот на државата утре во 10 часот во зградата на Претседателството ќе се сретне со рускиот амбасадор Александар Боцан-Карченко.

Инаку, министерот Лавров треба да присуствува на приемот по повод Денот на Русија, што ќе го организира руската амбасада во Белград на 7 јуни. Ако успее да стигне до Белград. Останува да се види што навистина ќе се случи…

Пронајдете не на следниве мрежи: