четврток, 12 ноември 2026
Најново

Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска за конфронтација и останува да се види како ќе се развива нејзината надворешна политика под новиот претседател, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Морам да нагласам дека и нашите белоруски пријатели и ние постојано забележуваме дека Полска не е насочена кон конструктивен дијалог, туку кон конфликт со нашите земји. Ќе видиме како тоа ќе се одвива под новиот претседател“, рече Лавров на прес-конференција по средбата со новоназначениот шеф на дипломатијата на Белорусија Максим Риженков, пренесува РИА Новости.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според официјалните податоци од Националната изборна комисија на Полска, во вториот круг од изборите одржани на 1 јуни, кандидатот на опозицијата Карол Навроцки победи со 50,89 проценти од гласовите, додека кандидатот на владејачката коалиција, Рафал Чашковски, освои 49,11 проценти.

Поврзани вести