„Мир со сите вас“ беа првите зборови со кои новиот папа Лав XIV им се обрати на илјадниците верници собрани на плоштадот Свети Петар:
-Драги браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос, добриот пастир кој го даде својот живот за Бога. И јас би сакал овој поздрав на мирот да влезе во нашите срца и во нашите семејства- емотивно рече Лав XIV во неговото обраќање од балконот над плоштадот „Свети Петар“.
Тој потоа им се заблагодари на кардиналите кои го избраа.
-Ова е мирот на воскреснатиот Христос, смирен и упорен, кој доаѓа од Бога, кој нè сака безусловно. Да го држиме во ушите слабиот глас на папата Франциск, кој го благословува Рим. Папата кој го благослови Рим, му даде благослов на целиот свет тоа велигденско утро. Дозволете ми да го надополнам тој благослов. Бог нè сака, нè сака сите нас и злото нема да надвладее. Ние сме во рацете Божји, без страв. Затоа, обединети, заедно со Бога и меѓу себе, да продолжиме напред. Ние сме ученици на Христос и тој оди пред нас. На светот му е потребна неговата светлина, на човештвото му е потребен тој, како мост кон Бога и неговата љубов. Тој ќе ни помогне да градиме мостови, со дијалог и соработка, за да можеме да бидеме еден заеднички народ, кој ќе живее во мир засекогаш- додаде новиот Папа.