Лажливи намирници полни со јаглехидрати, по кои посегнуваме кога сме на диета

Стотици студии докажале дека скробот го намалува чувството на глад, како и апетитот, а истовремено согорува повеќе калории, не полни со енергија, го минимизира чувството на стрес и го намалува холестеролот.
Сите ние кога сме на диета понекогаш посегнуваме за одредени намирници коишто се “лажно“ диетални. Освен во пецивата и слатките нив ги има и во одредени здрави намирници. Скробот е застапен во: компирот, оризот, леќата, мешунките коишто некои ги сметаат за диетални соучесници.
Но, од друга страна, ниту тука работите не се исклучително “розови“, бидејќи секоја од тие намирници може да има поволен или пак неповолен ефект врз хормоналниот состав, а со тоа и врз слабеењето. Односно да јадете компир и ориз и да слабеете, не е баш едноставно.
Понекогаш диеталните замени за грицките и слатките, знаат само да не залажуваат, а ефектите од диетите речиси и да ги нема. Овие намирници не би требало целосно да ги исфрлите од Вашата исхрана, но потребно е да внимавате на нив, затоа што често пати им отстапуваме место во нашето мени, особено кога сме на диета:
1. Костени
30 грама костени има околу 15 грама јаглехидрати и помалку од грам протеини. Од друга страна костенот содржи 1/3 калории како и истата количина на оревести плодови, па сосема е во ред да бидат Ваш избор за ужина.


2. Суви смокви
Сувите смокви се полни со влакна, а исто така тие се вреден извор на бакар, калиум, манган и витамин B. Но, кога смоквата ќе биде исушена таа е богата со многу јаглени хидрати. Само 6 суви смокви содржат повеќе од 30 грама јаглехидрати. Сепак сувите смокви имаат многу позитивни својства не содржат масти и се одличен избор за меѓуоброк. Единствено на што треба да внимавате е на големината на порциите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.