недела, 15 ноември 2026
Најново

Лажна вест е тврдењето на СДСМ, дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион, велат од Владата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откако во јавноста излегоа информациите поврзани со користењето на владиониот авион, од претставници на Владата, денеска од Владата на Република Македонија, излегоа со кратко соопштение, во кое ја обвинуваат опозицијата дека шири лажни вести.

„Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит Хрватска.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за 4 патувања во соседството.

Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува.

Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери.“, велат од Владината прес-служба.

Хит дестинација на владиниот лирџет- Будимпешта, најмногу летаат Силјаноска и Николоски, Мицкоски летал до Јадран, а Гаши со сопругата

Поврзани вести