👍Состојки:
3 пиперки
1 главица кромид
1 пакување печурки (околу 500 грама)
1 пакување тестенини (400 до 500 грама)
1 лажичка кари
1 лажичка пипер во прав
1 лажичка лук во прав
сол, бибер
1,5 шолја кисела павлака
Рендан кашкавал
Подготовка:
Зеленчукот – пиперките и печурките исечкајте ги на ленти, а кромидот на мали парчиња.
Измешајте ги зачините, па половина од смесата прелијте ја врз зеленчукот и додадете 3 лажици маслиново масло. Промешајте и печете на 200°C околу 30 минути.
Сварете ги тестенините според упатството од кесичката. Процедете ги и измешајте ги со зеленчукот и преостанатата смеса со зачините и водата во која се вареле. Промешајте, па додадете ја павлаката. Истурете во плех и посипете со рендан кашкавал. Печете на 200°C околу 15 минути.
ПОСНА ВЕРЗИЈА: Ако сакате да направите посна верзија на ова јадење, млечните производи заменете ги со растителни опции.