Лазаров: За разлика од Европското првенство, имавме поширока ротација и мислам дека тоа беше клучот на нашата победа

Македонскиот ракометен селектор Кирил Лазаров на прес-конференцијата по мечот со Романија рече дека успехот е радува, меѓутоа мора да се биде претпазлив затоа што Пасквал и неговиот тим нема да се откажат на реваншот.

„Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи. Беше прекрасно да се игра пред нашата публика. Имавме одличен противник, можеби резултатот не е реален, но спортот е таков и треба да се игра шеесет минути. На овој дуел ние бевме подобри во последните петнаесеттина минути. Многупати било обратно: сме играле добро 45 минути, а сме губеле натпревари. За разлика од Европското првенство, вечерва имавме поширока ротација и мислам дека тоа беше клучот на нашата победа. Сепак, треба да бидеме претпазливи, познавајќи го Пасквал, нема да се предаде и ни следи тежок возвратен натпревар. Треба да го јакнеме нашиот карактер, карактерот е многу важен. Не знам со кој тим ќе патуваме во Букурешт, уште е рано, треба да констатираме како минавме физички вечерва“, изјави Лазаров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.