Лазања со тиквички и месо

Потребни состојки:
800 г мелено месо
700 мл сос од домати
450 г тиквички
400 г рикота
300 г рендана моцарела
90 г рендан пармезан
1 јајце
Сол и бибер
Свеж босилек


Начин на подготовка:
Измијте ги тиквичките, па исечете ги на тенки кришки по должина. Посолете ги и оставете ги да отстојат 15 минути, а потоа ставете ги на хартија.
Направете сос од месо. Продинстајте го меленото месо, па додајте сос од домати, посолете, додајте бибер и варете неколку минути. Во сад измешајте едно јајце со рендан пармезан и рикота. Посолете и додајте бибер по желба.
На дното ставете малку сос со месо, па одозгора кришки тиквички за да ја покријат целата површина. Преку тиквичките ставете го преостатото месо и половина од смесата со сирење.
Врз таа смеса ставете го остатокот од тиквичките, сосот од месо и остатокот од смесата со сирење.
На крај наросете рендана моцарела. Покријте со алуминиумска фолија и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути. Покријте со алуминиумска фолија и печете уште 10 минути.
Украсете со свежи листови босилек и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.