Лазањи со спанаќ и шунка

Доколку сте љубители на тестенини ова е идеален рецепт за вас.
Потребни состојки: 200 гр спанќ; 250 гр рикота; 4 лажици свежо сирење; 8 листови тестенини за лазањи; 3 лажици свеж песто сос од босилек; 200 гр шунка; 2 лажици рендан пармезан.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Загрејте ја рерната на 250 степени. Спанаќот лесно бланширајте го. Исечкајте го на парчиња и добро исцедете ја водата од него. Измешајте рикота сирење, свежо сирење и спанаќ и добро зачинете со сол и биебр.


Листовите за лазањи гответе ги во солена вода 3 минути. Една лажичка од смесата од сирењето и спанаќот ставете во огноотпорниот сад. Додајте слој тестенини, па смеса од сирење, малку песто и исечкана шунка. Завршете со слој рикота и печете околу 20 минути. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.