Лазањи со тиквичка и сирење

Само за љубителите на италијанската кујна – рецепт кој ќе го обожавате.
Потребни состојки:
Две тиквички
4 шолји сос од домати
Босилек
Сол и бибер
Кори за лазањи 400 гр
300 гр фета сирење
50 гр биено сирење
Маслиново масло
Начин на подготовка:
Исечете ги тиквичките на долги ленти и пропржете ги на маслиново масло.
Зачинете го сосот со домати со сол, бибер и босилек. Во сад за печење наредете малку сос, ред лазањи, тиквички и додајте малку фета сирење. Редете ги состојките на овој начин додека да ги потрошите. Последниот слој треба да бидат тиквичките, а над нив нарендајте биено сирење.
Покријте ги со алуминиумска фолија и печете околу 45 минути на 190 степени. Тргнете ја фолијата, печете уште 10 минути, оставете да се излади и послужете

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.