Потребни состојки:
600 г тиквички
50 гр путер
1 лажица оригано
1 лажица бибер
12 листови лазања
100 г горгонзола
50 г моцарела
15 г пармезан
Сол
За сос
50 г путер
50 г брашно
1 л млеко
1 лажица оригано
Сол и бибер
Начин на подготoвка:
Измијте ги тиквичките и исечкајте ги на тенки листови. Пропржете ги на путер, наросете со оригано, додајте бибер и тргнете ги од оган. Варете ги лазањите во солена вода околу 3 минути и ставете масло за да не се залепат листовите.
За бешамел сос – пропржете го брашното на малку путер. Постепено додавајте го млекото со постојано мешање за да добиете густа смеса. Додајте оригано и посолете.
На дното од тавата ставете од бешамел сосот, наредете 1 ред лазањи, одозгора распоредете бешамел, тиквички, рендана моцарела и горгонзола, па ред лазањи. Одозгора ставете бешамел, рендано сирење и пармезан. Печете околу 25 минути на 220 степени.